Промоција на прирачникот за креативен пристап во наставата

Прирачникот „Креативен пристап во наставата – прирачник за наставници кои развиваат критичко мислење кај учениците“, денеска ќе биде промовиран на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Прирачникот изработен од група автори содржи делови за планирање во наставата, оценување и техники за учење и настава, како и примери од реализирани часови по одделни наставни предмети во училишта во нашата држава.