Промоција на првиот том од едицијата „Историја на македонската економија“

Првиот том од тритомната едиција „Историја на македонската економија“ од магистер Дејан Азески, долгогодишен новинар, денеска ќе биде промовиран во Скопје.

Промотори на книгата ќе бидат академик Таки Фити, претседател на МАНУ и Љупчо Зиков, основач и раководител на бизнис магазинот „Капитал“.

Во книгата се опфатени економските и бизнис аспекти од различни историски периоди, како и историјатот на најуспешните македонски компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.