сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Промоција на сертификациско тело за градежни производи

Првото сертификациско тело за градежни производи во Република Македонија „ГИМ сертификација“, кое е посебна организација во рамки на Градежниот Институт Македонија, денеска беше промовирано во Скопје. 

тело

Поврзани вести

ГИМ сертификација е тело за сертификација на градежни производи и за сертификација на контрола на фабричко производство.Телото е формирано врз основа на Решение издадено од Министерството за економија, согласно Законот за градежни производи. Сертификатот СТ-010 е издаден во септември годинава од Институтот за акредитација на Република Македонија и Решението за именување на тело за сертификација на градежни производи во октомври, годинава од Министерството за економија.

Министерот за економија Дритон Кучи потсети дека ГИМ веќе 40 години развива уникатен бренд на сериозна и развојно-ориентирана фирма во областа на планирање, истражување, проектирање, контрола на квалитет, но и надзор и градежништво.

– Со самотото стекнување статус на сертификациско тело за потврдување на квалитетот на својствата на градежните производи во Република Македонија, ќе се оствари значаен чекор во реализација на визијата на фирмата да биде успешно призната како национален и меѓународен лидер во сите области на градежништвото, со цел за понатамошно обезбедување на нејзината позиција на пазарот на енергетика и животна средина, рече Кучи.

Тој истакна дека Решението со Сертификатот за тело за сертификација на градежни производи на ГИМ ќе има големо значење во развојот на градежништвото и градежната индустрија во Македонија.

– Градежниот институт со ова ја докажува својата лидерска позиција во доменот на своите услуги кои ги нуди во Македонија и пошироко во регионот и ова претставува континуитет и продолжување на првата акредитација за лабораторија за градежни прозиводи која ја добивме во 2009 година, изјави генералниот директорот на ГИМ, Михо Јаневски.

Со ова, како што рече, се озвозможува да заживее Законот за градежни производи, кој е донесен во Македонија и ова е отпочнување со примена на овој значаен закон, со кој ќе се уредат пазарните услови за компаниите кои полагаат на својот квалитет и со тоа ќе ја подобрат својата конкурентност.

Најчитани вести