Промоција на сликовницата „Спортски Бон-Тон“

Спортски Бон-Тон“ како сликовница за деца денеска беше промовирана во Народната канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, Сликовницата која е дел од проектот „Традиционални спортски игри“ е под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов и поддржана од Амбасадата на САД во Македонија.

Татјана С. Иванова како промотор и автор на сликовницата посочи дека целта на сликовницата е да се врати спортот на пиедестал, на посакуваното, односно онаму каде што припаѓа.

– Бидејќи живееме во едно севремение, во едно време невреме кога се оттуѓивме, кога индивидуализмот го замени колективизмот, кога егоизмот го замени алтруизмот и космополитизмот, вредности коишто и те како испливаа на површина во ова наше совремие. Од друга страна се маргинализираа некој вредности што го облагодоруваат и го оплеменуваат  човековиот живот, истакна Иванова.

Една од поентите, додаде таа, е во ова време на морална криза да се вратат вистинските вредности. Вистинските вредности, нагласи Иванова, се враќаат кај оние што се иднина и сегашност, а тоа се децата.

Иван Анастасовски, кој е еден од авторите појасни дека сликовницата асоцира на модерните „таблети“ преку која децата ќе ја читаат на традиционален начин, а ќе ги асоцира на денешното модерно време.

– Една од нашите цели во проектот е токму тоа. Се обидуваме децата да ги тргнеме од компјутерите од брзиот технолошки-информатички развој  и сепак да ги однесеме на „улица“ на едно традиционално дружење, игра, другарување помеѓу себе и една социлјална инклузија која е потребна на  нашето општество, рече Анастасовски.

Традиционалните спортски игри или популарно „Старомодни игри“ се начин за одржување на вистинската смисла на детството, преку промовирање на разни вештини и спортски активности на традиционален начин но со натпреварувачки карактер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.