Промоција на „Среќа“ од Благоја Јанаков

Промоција на книгата „Среќа“ од професор Благоја Јанаков ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.

На промоцијата свое обраќање ќе има професор Лидија Зорба, а настанот ќе биде збогатен со музички настап на Драган Даутовски.