Промоција на стихозбирката „Струпки“ од Георги Барбаровски

Промоција на поетската книга „Струпки “ од Георги Барбаровски, издание на „Матица македонска“ ќе се одржи утре со почеток во 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во Паркот на Книгите.

Најновото поетско дело на авторот ќе го промовира поетот и литературен критичар Санде Стојчевски.

Настанот ќе биде збогатен со музички настап на врвни македонски музички дејци, Виолета Томовска и Блага Петреска, а стихови ќе интерпретира Антонио Павловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.