Промоција на стрип албумот „Мрак ХуморТишина“ во Охрид

Охридскиот стрип сценарист Јордан Коцевски и уметникот Дарко Богданов од Виница, в петок, во 19 часот во изложбениот салон на домот на култура „Григор Прличев“ ќе го претстават стрипот „Мрак Хумор Тишина“. Промотор на стрип албумот ќе бидат самите автори. На промоцијата, која во едно претставува и прва од ваков вид во Охрид, ќе бидат изложени дел од оригиналните стрип табли од албумот, како и дополнителни илустрации.

Стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“ е заеднички проект на сценаристот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов. Станува збор за своевидна антологија во која на 68 страни вклучени се кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот. Покрај носителите на проектот, како гости свој удел имаат и цртачите Андреј Манев, Весна Ничевска Саравинова и Игор Јовчевски, колористот Стефан Коцевски и сценаристот Александар Стеванов.

st1