Промоција на „Светлинска“ од Кристина Николовска

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во четврток во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата со критики и есеи „Светлинска“ од проф. д-р Кристина Николовска, издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.

На страниците од своето најново дело во девет тематски циклуси авторката застапува трисет и два прилога посветени на круцијални теми од областа на литературата и на творештвото на истакнати македонски и балкански автори.

Изданието ќе го промовира поетот и литературен критичар Ефтим Клетников.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.