Промоција на традиционални вреднсоти на модерен начин

Денеска на Факултетот за туризам  и угостителство  , се одржа финалната презентација на проектот“ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, што го реализира Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид. Целта на  презентацијата  и на проектот беше да се укаже колку  е битно младите  да научат на модерен начин да ги промовираат охридските  традиционалните вредности.

-Во склоп на овој проект општина Охрид организираше три едукативни работилници во кои што таргет група беа младите. Притоа се одржаа работилници  за обука за изработка на накит од бисер и филигран, потоа добро пакување на традиционална храна и подготовка и презентација на електронски брошури. Целта на овие работилници беше да се обучат младите на кој начин да ги промовираат традиционалните вредности на општина Охрид.  Младите се учеа   како на иновативен  и трендовски начини  да  ја пакуваат традиционалната храна и пијалоците  како и модерни начини за нивна маркетиншка промоција преку електронски брошури, истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов, кој се надева дека на овој начин ќе биде  поттикнат  креативниот дух кај  младите во однос на промовирање на традиционалните вредности и начинот на нивниот  маркетиншки пристап во јавноста.

Проектот е финансиран од Министерството за култура  на Република Македонија во рамки на програмата за креативни индустрии.

oh1 oh2 oh3