Промоција на три нови дестинации од скопскиот аеродром

Нови три дестинации од скопскиот аеродром ќе бидат промовирани денес. Копенхаген, Братислава и Берлин се трите нови дестинации кон кои од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Новите авиолинии ќе ги промовираат денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и претставници на „Визер“ и на концесионерот на македонските аеродроми „ТАВ Македонија“.