Промоција на три нови драми од Горан Стефановски

Во рамките на овогодинешното Охридско лето, издавачката куќа Табернакул го промовира своето најново издание, „Собрани драми, книга четврта” од еден од најеминентните македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.

Најновата збирка од едицијата „Темелници” каде Стефановски веќе придонесува со три изданија, во себе содржи три нови драми, „Одисеј”, „Огнени јазици” и „Figurae veneris historiae”.

Актерот Никола Ристановски на промоцијата ќе изведе  извадоци од сцени од драмите на Стефановски.
Актерот Никола Ристановски на промоцијата ќе изведе извадоци од сцени од драмите на Стефановски.

На промоцијата која ќе се одржи во Охрид, во Куќата на Уранија, покрај авторот и издавачот, како промотор ќе се појави Катица Ќулавкова, а особено интересен детаљ на промоцијата ќе биде изведбата на извадоци од сцени од драмите на нашиот многупати докажан генијален актер, Никола Ристановски.

На настанот кој ќе се одржи во среда, на 19 август, во 19 часот, свој говор ќе одржи и авторот Стефановски, кој покрај неколку зборови за делото, ќе одржи и презентација на процесот на создавање на драмите.