Промоција на видеа за алтернативен туризам

„Излези во природа, влези во авантура!“ е мотото на двете видеа (реклами) за алтернативен туризам што денеска ќе бидат промовирани во Скопје.

Видеата се однесуваат на идентификуваните туристички продукти за алтернативен туризам во регионите на Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца во Македонија, и во регионите на Корча и Поградец во Албанија.

Видеата се дел од проектот „Кон алтернативен туризам“ што го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија во партнерство со Локалната агенција за развој од Струга и Партнерс Албанија од Тирана. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија како дел од третиот повик на ИПА прекуграничната програма за Македонија и Албанија.

фото: МИА