Промоција на националната стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков ќе присуствува на промоцијата на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020.

Во рамки на промоцијата исто така предвидено е обраќање да има и заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во својство на претседавач на Координативното тело за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Националната стратегија претставува стратешки документ во кој се дефинирани целите, мерките и активностите што треба да бидат преземени од  страна на надлежните институции за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во наредниот петгодишен период.

На промоцијата ќе присуствуваат владини претставници, како и претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.