Промотивно засадување ела по повод Ден на дрвото

Под мотото „Од семче до дрвце“, граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ денеска организира промотивно засадување семе од ела по повод 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“.

Засадувањето ќе биде во дворот на ОУ „Александар Македонски“, во општина Аеродром.

Здружението во рамки на акцијата изготви и ТВ-спот „Еко акција од семче до дрвце“. Идејата е да се повикаат учениците од сите основни училишта и децата од големите групи во градинките насекаде во Македонија на оваа еколошко-едукативна акција на која ќе се дружат и ќе разиваат одговорност, еко – свест, екопатриотизам и еко – култура.