Промоција на Книга Раскази од Блаже Миневски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата раскази „Пристапната беседа на академик Сисое„ од Блаже Миневски. За делото на познатиот раскажувач, романсиер и публицист, промотивна реч ќе одржи поетот и литературен критичар Раде Силјан. Извадоци од книгата ќе чита артистката Софија Гогова Врчаковска.

Книгата раскази „Приспивната беседа на академик Сисое“ содржи триесет кратки раскази создадени во последниве неколку години. Девет од расказите имаат добиено награди на разни конкурси за краток расказ, а насловениот расказ е застапен во антологијата „Најдобри европски раскази“ во 2011 година, објавена на англиски јазик од угледниот американски издавач Dailey Archive Press од Чикаго.