Промоција на книгата Раскази од Блаже Миневски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ во Скопје утре во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата раскази „Пристапната беседа на акдемик Сисое“ од Блаже Миневски.

Книгата раскази „Приспивната беседа на академик Сисое“ содржи триесет кратки раскази создадени во последниве неколку години. Девет од расказите имаат добиено награди на разни конкурси за краток расказ, а насловениот расказ е застапен во антологијата „Најдобри европски раскази“ во 2011 година, објавена на англиски јазик од угледниот американски издавач Dailey Archive Press од Чикаго.