Промоција на новите услугите на ЕВН Македонија во Битола и Тетово

ЕВН Македонија продолжува со алтернативната промоција на услугите е – фактура и траен налог за корисниците во Битола и Тетово. Следните две недели на посебно определен простор пред наплатниот пункт корисниците можат да се пријават за овие услуги, без да чекаат ред во банка или во приемна канцеларија. Процедурата на пријавување во банките за потпишаниот налог и евидентирањето на корисниците за услугата е – фактура го организира ЕВН Македонија.

Со користењето на овие услуги се избегнува доцнењето на плаќањето на фактурите за потрошена електрична енергија и евентуалните камати и други законски мерки кои произлегуваат од ненавременото плаќање на фактурите. Промоциите на новите услуги ЕВН ги почна на средината на октомври во Скопје, а целта е тие да им станат лесно достапни на граѓаните.

Покрај услугата е – фактура и траен налог, граѓаните може да ја користат и услугата  „Говорно сандаче“, преку која со повикување на телефонскиот број  089 089 089 може да се добие информација за висината на последната сметка за потрошена електрична енергија и вкупниот долг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.