Промовиран новиот селектор на македонската кошаркарска ререзентација Драган Раца

Промовиран новиот селектор на македонската кошаркарска ререзентација Драган Раца
Промовиран новиот селектор на македонската кошаркарска ререзентација Драган Раца

Откако пред неполн месец Македонската кошаркарска федерација објави дека Драган Раца ќе биде новиот селектор на најдбрата машка репрезентација, денеска прв пат Србинот и беше претсавен на македонската јавност.

– Со самото прифаќање на оваа функција знаев дека мора да ја прифатам и обврската да ја однесам Македнија на ЕП, со што ќе се исполни целта, континуитет на Македонија на Евробаскетот, изјави новиот селектор Драган Раца.

Потврди дека веќе е изработена програмата за подготовките на тој начин што се е прилагодено на противниците во квалификациите, Велика Британија, Унгарија и Луксембург.

– Веќе имаме изготвена програма со која ќе се подготвуваме за квалификациите за ЕП 2017, со цел пласман на завршницата. Ќе се обидам да направам атмосфера во репрезентацијата со која во иднина ќе може да сметаме да ги подолжиме и надградуваме резултатите, изјави Раца.

Како дел од подготовките црвено-жолтите ќе настапат и на силен меѓународен турнир во Кина.

Турнирот кој ќе почне на 14 јуни и ќе биде помоција за СП 2019 година, што ќе се одржува токму во Кина.
Што се однсва до ростерот на репрезентацијата Раца беше категоричен дека на списокот ќе се најдат сите оние кои пред се имаат желба, а разбирливо и квалитет да го носат цвено-жолтиот дрес.
– Уште на почетокот кога бев назначен за селектор јас контактирав со сите играчи кои сметам дека треба да бидат во репрезентацијата. Но, немам намера никого да молам да игра за репрезентацијата без разлика за кого станува збор, дополни новиот селектор.
Раца потврди дека  контактирал лично со најголемиот дел од играчите, нагласувајќи дека на Перо Антиќ и Предраг Самарџиски им испратил меил, односно дека комуницирал со нивниот менаџер, па во најскоро време очекува и лична комуникација со играчите.
Во зависност од македонските играчи кои ќе ги има на располагање, ќе се размислува и за соодветно странско засилување.
Раца како дел од тренерскиот кадар смета и на македнската легенда Врбица Стефанов кој во наредните денови треба да се изјасни дали ќе ја прифати соработката.
На новинаското прашање, каква ќе биде улогата на спортскиот директор, Раца одговори: „Заре Марковски нема да биде присутен на ниту еден тренинг и натпревар, како дел од стручниот штаб”.
Подготовките на репрезентацијата ќе започнат на почетокот на јуни, а квалификациите се играат на крајот на август и почетокот на септември.