Спорт

Промовиран спотот на официјалниот спонзор на ЖРК Вардар

Промовиран спотот на официјалниот спонзор на ЖРК Вардар

Во пресрет на четврт-финалето од Лигата на Шампионите во ракомет за жени, во фан шопот на Вардар,дел од ракометарките на ЖРК Вардар продаваа билети за натпреварот со Ѓер, актуелниот освојувач на круната во Лигата на Шампионите. Сите оние кои купија карти за натпреварот, добија 30 отсто попуст на новата колекција на спортски производи во фан шопот, како и гратис производи од „Цевитана“ и „Деспина“ од Витаминка.

На овој настан беше промовиран и новиот рекламен спот на Витаминка за Деспина, официјалниот бисквит на ЖРК Вардар. Спотот ја пренесува пораката на ракометарките дека со бисквитите Деспина ја одржуваат енергијата и виталноста во текот на напорните тренинзи. Во истиот, што се снимаше во Спортскиот центар „Јане Сандански“ учествуваа сите ракометарки на ЖРК Вардар.

Натпреварот од четврт-финалето во Лигата на Шампионите со унгарскиот шампион Ѓер ќе се одигра на четврти април во СЦ „Јане Сандански” во Скопје,на којшто Вардарки очекуваат полна сала и целосна поддршка од своите навивачи.

Despina Oficijalen biskvit na ZRK Vardar_5