Промовирана монографија за градинката „Детска Радост“

Монографија за градинката „Детска Радост“
Монографија за градинката „Детска Радост“

Во просториите на Порта Македонија денес беше презентирана монграфијата на детската градинка „Детска Радост“, по повод нејзиното 60 годишно постоење.

Во присуство на градоначалникот Тони Трајковски, директорката на градинката Љиљана Крстевска, Дарка Петрушевска претставник од Министерство за труд и социјална политика и дел од воспитно – згрижувачкиот кадар, преку зборовите на промоторката Билјана Лотеска се претстави значењето на оваа воспитно- згрижувачка установа.

Во монографијата се опфаќа период од 60 години на неуморна, со љубов и грижа, работа на воспитно- образовниот кадар, каде поминале многу генерации на деца, растејќи и чекорејќи кон својата иднина.

Свое обраќање на настанот имаа директорката Љиљана Крстевска, градоначалникот Тони Трајковски и претставникот од Министерството за труд и социјална политика Дарка Петрушевска.