Промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции

Денеска беше промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции како единица во рамки на организациски безбедност единици за општа безбедност и полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје.

Основната функција на единицата, во чиј состав се 207 лица, е да се грижи околу воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на животот и имотот на граѓаните односно ќе се грижи околу одржување на јавниот ред и мир на јавни собири, почнувајќи од спортски и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани, како што се протести, митинзи, штрајкови, но и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања.

a1

Се очекува единицата, како што нагласи во обраќањето пред присутните гости и функционери на МВР министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да биде ударна сила од униформираниот дел во СВР-Скопје, која ќе може да се справи со сите безбедносни предизвици со кои МВР се соочува во извршување на секојденвните работни задачи.

– Единицата, покрај вонредни, редовни, посебни обезбедувања, асистенции и спроводи, ќе има задача да врши и редовни полициски работи на територијален принцип со покривање на рурални подрачја на Полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, како и во урбаните средини со мотопатролни служби и пешачки патроли, појасни Јанкулоска, додавајќи оти новата единица треба да делува и во спречување кривични дела со елементи на насилство и приведување опасни деликвенти.

Министерката Јанкулоска потенцира дека во првото тримесечие од 2014 година регистрирани се вкупно 325 прекршоци од областа на јавниот ред и мир за разлика од истиот период лани, кога беа регистрирани 830 прекршоци. За 308 прекршоци веќе се поднесени барања за поведување прекршочна постапка против 415 лица, а лани, подвлече Јанкулоска, бројот на пријавени лица во првиот квартал изнесуваше 1.029. Најголем број од регистрираните прекршоци се физички напади и тоа 166 или тројно помалку од минатогодишните 485, како и учество во тепачка, 30 прекршоци, за разлика од ланските 92.

aaa

Таа им посака што е можно помалку да има потреба од нивна интервенција и што е можно поефикасно постапување тогаш кога ќе биде неопходен нивниот ангажман.

Единицата за јавен ред и мир и интервенции пред присутните изведе показни вежби за работа со томфа и самоодбрана, апсење на опасно лице во бегство и воспоставување нарушен јавен ред и мир од поголем обем, контрола над толпата и контрола на просторот.

МИА