Македонија

Промовирани 33 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Промовирани 33 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Македонската литература денеска се збогати со нови 33 преводи на врвни дела од светкската книжевност, како  дел од капиталната едиција „Звезди на светската книжевност“ .  Покрај бројни љубители на пишаниот збор, издавачи, лектори и преведувачи, на промцоцијата присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, како и премиерот Никола Груевски.

Се работи за шеста промоција, и вклучително со новите 33 преводи досега се преведени 300 книги од предвидените 560, според наведениот проект што се реализира во соработка со Министертсвото за култура и Владата.

„Ова едиција е антологиски избор на најдоброто од светската книжевност , но нејзиното исклучително значење несомнено се огледва во афирмацијата на изразните капацитети на нашиот јазик. Овој проек ја потврдува виталноста и животворноста на македонскот јазик . Во новите 33 наслови се наоѓаат дела на автри кои ја одбележаа светската книжевна историја, како маестралниот Чикаматцу, Стенберг, остварувањата на Харлд Пинтер, ремек делата на Стендел, Џејн Остин,  Том Волф, Турѓенев со ’Записите на ловецот’. Преведени се и 6.000 стихови поезија’’, посочи Милевска.

Таа додаде дека во тек е нова едиција на преводи од врвни дела во светската психологија, како дел од проектот 130 тома на македонската книжевност.

Премиерот Груевски, на промоцијата истакна дела проектот е вллезен во својата втора половина и без разлика на изборите кои се одвиваа во изминатиот период, се реализира според зацртатната динамика.

„Делата што се преведуваат  претствуваат епохални дострели  во своите национални книжевности, но, и во рамките на општата светска книжевност. Тука се римските лиричари од златното доба како и највпечатливи автори на француската книжевност“, истакна Груевски  кој информираше дека за еден месец , ќе се промовираат нови 30 дела од оваа едиција., а до крајот на годината се планираат уште 100 преводи.

Следната година треба да се комплетира прокетот со преводите на последните 120 книги од планираните 560. Во завршна фаза на подготовка се и преводите на македоснки јазик на 25 книги од албански и турски автори.

Кон крајот на јуни се најавува нова промоција на проект на Владата и Министерството за култура,  наречен „Врвовитена светската филозофска мисла“. До краот на јуни би требало да се  промовираат првите 10 книги, а до крајот на годината уште 50 дела од новиот проект што вклучува 360 книги.