Пронајден е исчезнатиот синдикалец Стојановски

Оливер Стојановски од Синдикатот на одбраната, кој пред неколку дена беше пријавен за исчезнат, е пронајден во манастир во околината на Скопје.

Неговиот брат за телевизијата ТВ24 вели дека Стојановски е во лоша здравствена состојба.

Од МВР потврдуваат дека е пронајден и однесен во полициската станица во Драчево, а потоа било известено и неговото семејство.

Причините за неговото исчезнување се уште се непознати. Инаку, Стојановски пред еден месец направи сообраќајка со службено возило на министерството за одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.