Пронајден е лекот против ХИВ?

Маж на 44 годишна возраст стана првата личност во светот која се излечила од ХИВ вирусот користејќи нова терапија која ја направиле тим од научници од пет британски универзитети.

Научниците велат дека вирусот целосно исчезнал од неговиот крвоток и ако тоа така остане, тој ќе биде првиот маж кој ќе е излечен од овој вирус, пренесува Сандеј Тајмс. Во групата за третирање се 50 лица, а резултатите се успешни само кај ова лице.

„Ова е еден од првите сериозни обиди да се најде целосен лек против ХИВ вирусот. Сега ја истражуваме реалната способност на ова лечење. Претставува голем предизвик и сеуште е рано, но напредокот е неверојатен“, вели Марк Самјуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството.