Пронајден е машки леш во Вардар

Околу 12 часот пронајден е машки леш во реката Вардар, во близина на Велес, објави Утрински весник.

Според МВР тоа било во фаза на распаѓање, станувало збор за маж и по барање на јавен обвинител е предадено на обдукција. Таа треба да ги открие причините за смртта, но и идентитетот на пронајдениот леш.

Во велешко годинава како исчезнати и сe уште не пронајдени, се водат три лица. Двете пронајдени тела во Вардар годинава на 28 јуни и на 14 октомври не се идентификувани. Пристигнатиот материјал во Институтот за патологија, на блиски од исчезнатите не се совпаднал со тој од пронајдените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.