Пронајден е неидентификуван предмет од изчезнатиот „Боинг 777“

На брегот на Австралија е пронајден материјал кој се уште не е официјално идентификуван, но се претпоставува дека припаѓал на исчезнатиот малезиски „Боинг 777“.

Остатоците се најдени на десетина километри источно од градот Августа, а полицијата моментално го обезбедува местото каде се пронајдени неидентификуваните материјали.

Ова се нови информации по подолго време, откако на 4 април беше објавено дека се регистрирани сигнали од црната курија која што не беше пронајдена, па се’ уште се поставува прашањето дали овие откриени остатоци ќе ги донесат истражителите до исчезнатиот Боинг.

Во потрагата е вклучена и робот-подморница што го пребарува океанското дно во близина на подрачјето каде што беа забележани сигнали автентични на емитувања од црна кутија.

И покрај неуспешната потрага, истражителите и понатаму сметаат дека авионот на летот МХ370 се урнал долж австралискиот брег, истакна австралискиот премиер Тони Абот.

Боингот исчезна пред повеќе од седум недели со 239 патници и членови на екипажот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.