Пронајден исчезнатиот кратовчанец

Пронајден исчезнатиот кратовчанец

Пронајден исчезнатиот кратовчанец. Вчера, околу 11:20 часот е пронајден П.Н. (70) од Кратово. Мртвото тело на исчезнатиот било пронајдено на местото наречено „Трајкова нива“. Телото го пронашле Д.Ц (40) и Д.Н(33) кои случајот веднаш го пријавиле во полиција.

Исчезнувањето на починатиот било пријавено на 26-ти ноември.

Докторите од ЈЗУ-Кратово констатирале природна смрт поради престанок на работа на срцето.

Со согласност на Јавното Обвинителство, телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.