Свет

Пронајден исчезнатиот воен авион на САД

Пронајден исчезнатиот воен авион на САД

Военотранспортен авион „Боинг КЦ-135 на американските воздухопловни сили, за кој светските медиуми објавија дека исчезнал од радарот над Ла Манш, безбедно слетал во британската воена база.

Авионот полетал од францускиот град Амиен, и исчезнал над Ла Манш, а пред да исчезне во 00.20 ч дал сигнал за вонредна состојба во текот на летот, а веќе во 01.20 ч слетал во воената база на британската војска “RAF Mildenhol“ во блиизна на истоимениот град во покраината Сафок.

Да потсетиме, американскиот авион исчезна над Ла Манш само 15 минути после полетувањето од Амиен на северот на Франција.

Радарот последен пат го фатил помеѓу Довер и Кале.

Инаку, овој тип авиони се користат за надополнување на други авиони со гориво во воздух.