Пронајден изгубениот цртан филм на Дизни од 1927. година

Стариот цртан филм на Волт Дизни, за кој се веруваше дека е изгубен, е пронајден на северот на Норвешка, пренесуваат медиумите во Осло.

Првиот божикен цртан на Дизни „Празни чорапи“ од 1927. година е пронајден во инвентарот на библиотека во северна Норвешка, во близина на поларната зона.

-На почетокот не знаевме дека станува збор за изгубено филмско богатство. Цртаниот филм немаше назив, вели архивистот на библиотеката, Кјетил Квале Соренсен.

Цртаниот филм кој трае 5.30 минути го идентиикуваше Дизниевиот цртач и експерт за стари цртани филмови, Дејвид Герштајн.

Норвешката библиотека навела дека го дигитализирала цртаниот филм и копијата ја пратила на компанијата Волт Дизни, а норвешките медиуми наведуваат дека сеуште не е познато како цртаниот филм завршил на Северниот пол.