Пронајден лек за дијабетес

Конечно е пронајден лек за дијабетес. На чело на тимот научници од Харвард што работат на развојот на револуционарен лек се наоѓа и Даг Мелтон, кој на сопствените деца што од мали боледуваат од дијабетес им ветил дека ќе пронајде лек против оваа болест.

Револуцинерната терапија на дијабетесот со матичните ќелии на пациентот, што е осмислена од страна на научниците од Харвард, веќе многумина ја нарекуваат „најголемо откритие во медицината по антибиотиците“.

Овој лек за дијабетес би можел да значи крај на секојдневните инјекции инсулин, а смртоносните компликации што со себе ги носи шеќерната болест, како што се слепилото, откажувањето на бубрезите, мозочен или срцев удар ќе станат дел од историјата.

Терапијата, чија основа е создавање ќелии што произведуваат инсулин од матичните ќелии се опишува како „феноменално достигнување што ќе има несогледливо значење во историјата на борбата против дијабетесот“.

Овој лек за дијабетес би можел да значи крај на секојдневните инјекции инсулин
Овој лек за дијабетес би можел да значи крај на секојдневните инјекции инсулин

Тимот истражувачи од Харвард претходно објави дека направил „џиновски чекор“ во потрага за лек за дијабетес тип еден.

На чело на тимот на научници е Даг Мелтон, кој има две деца што боледуваат од дијабетес. Тој пред неколку години им вети на своите деца дека ќе пронајде начин да ги излекува и изгледа дека успеал во тоа. Тој ги „натерал“ ќелиите на кожата да се „претворат“ во ќелии што произведуваат инсулин, а првите лабораториски тестови се покажале целосно успешни.

Сега сме само на еден чекор до целта. Покажавме дека ова е возможно, сега сум полн со енергија, изјавил Мелтон во коментар за својот труд.

Тој најави дека експериментите врз луѓето ќе почнат за неколку години, а неговиот колега од Универзитетскиот колџ во Лондон, изјавил дека „последиците од ова откритие, доколку се докаже дека тоа функционира ќе бидат еднакви како што биле последиците од употребата на антибиотици“.