Пронајден леш на железничката пруга кај Демир Капија

На пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, на 200 метри пред железничката станица Миравци, во каналот покрај патот бил пронајден непознат леш.

Телото било пронајдено вчера околу 10.20 часот наутро од страна на вработен во Македонски железници кој управувал работна машина.

Увидна екипа од полициската станица Неготино извршила увид на местото, при што било констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата, скршеница најверојатно од удар од воз.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.