Македонија

Пронајден машки труп во Вардар

Пронајден машки труп во Вардар

Пронајден е машки труп во месноста Кораб близу вливот на реката Бабуна во Вардар. Телото го пронашло лице од Здружението на  спортски риболовци „Бабуна“.

Според Марија Јаковлеска, портпарол на МВР,  пронајдениот машки труп бил во распаѓање, а по барање на Јавен обвинител од Велес  е предаден на обдукција во Судска медицина во Скопје. – Обдукцијата  треба да ги открие причините за смртта, како и идентитетот на пронајдениот леш, информира Јаковлеска. Во Велешко годинава како исчезнати се водат три лица.