Пронајден мртов 76-годишен неготинец

Утрово во 06,10 часот од страна на доктор од Итната медицинска помош, телефонски во Полициската  станица – Неготино пријавено е дека  е пронајдено 76- годишно лице  од Неготино во безсознание, кое е пренесено во Медицински центар Кавадарци,  каде од страна на лекарските служби е констатирана смрт, соопшти Стојковска.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, пишува МИА а извршен е увид и по наредба на јавен обвинител,  телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.