Пронајден мртов избеган пациент од психијатрија Бардовци

Пациент од Психијатриската болница Бардовци, кој избегал пред два дена, вчера е пронајден мртов.

Телото на 62 годишниот Шакир Д. било пронајдено во близина на болницата кај пругите.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за настанатата смрт.