Пронајден обесен труп во Ресен

Човечки труп бил пронајден обесен на дрво, вчера во Ресен, информираше МВР.

Според полицијата, трупот бил забележан околу 19.30 часот во шума над објектот на средното училиште. Полицајците на местото пронашле лице од неутврден пол, чие што тело било во фаза на распаѓање, обесено на дрво.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.