ФОТО+ВИДЕО: Пронајден предмет од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс

Продолжува потрагата по авионот на Малезија Ерлајнс кој исчезна пред точно една година. Во меѓувреме на брегот во Западна Австралија е пронајдено неотворено пакетче со влажни марамчиња со натписот на компанијата, кое веднаш е испратено на понатамошно испитување со цел да се утврди дали доаѓа од исчезнатиот авион, пишува Деjли меил.

malesiaaa

Кингсли и Вики Милер го пронашле неотвореното пакетче, на плажата во Перт.

-Доколку беше отворено и ако го најдевме на плажата, тогаш немаше да ни биде чудно, рекол Милер.

malesiaaa_2

Според експертите возможно е малото пакетче да патува на долги растојанија, без да биде оштетено.

Влажните шамичиња со логото на Малезија Ерлајнс биле пронајдени на 2-ри јули 2014 и биле предадени на полицијата во Западна Австралија.

Сепак не постои можност да се докаже дека ова пакетче потекнува од исчезнатиот авион.

На годишнината од исчезнувањето на авионот бил објавен извештај дека батеријата на подводниот локатор била потрошена една година пред несреќата.

фото: dailymail