Пронајден скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат

Седумдесет и двегодишниот Трајко Арсовски, кој беше пријавен за исезнат и по кој трагаше цело Скопје, утрово бил пронајден жив и во добра здравствена состојба.

Трајко последен пат беше виден вчера во утринските часови на последна автобуска станица 24 во Тафталиџе.

Тој е пронајден дури во Сарај, од страна на полицијата, која го известила семејството. Талкал низ улиците од вчера рано наутро до после 3 часот по полноќ.