Свет

Пронајден список со припадници на нацистичките единици

Пронајден список со припадници на нацистичките единици

Центарот „Симон Визентал“ кој ги бара последните живи нацисти, доставил список до германските власти и бара покренување на истрага.

Имено, Ефраим Зуриф, директор на Центарот, минатиот месец со германското судство поднел список со имиња на 76 мажи и четири жени кои биле во составот на специјалната нацистичка единица за ликвидација.

Зуроф денеска изјавил дека поминува времето за утврдување дали овие осомничени нацисти се живи и дали може да им се суди.

Сите 80 се родени од 1920 до 1924 година.

Германското министерство за внатрешни работи не ја коментира оваа информација, а министерството за права соопштило дека сите документи се проследени до тужителите кои ги истражуваат злосторствата од време на нацистите.

До сега, судено им е само на мал број од припадниците на овие нацистички единици, а поголем дел од нив поминале неказнето.