Холандија: Пронајден еден тон кокаин во ананас

Холандксата полиција во пратка ананас нашла повеќе од еден тон кокаин, чија вредност на уличниот пазар изнесува дури 30 милиони евра. Исто така, уапсени се четворица мажи, пренесува „Танјуг“.

Полицијата по претходно добиени информации упаднала во склад во градот Рамсдонксвер, каде во вреќите каде требало да има ананас внатре имало дрога.

Холандија: Пронајден еден тон кокаин во ананас
Холандија: Пронајден еден тон кокаин во ананас

Во полициското соопштение се наведува проценката дека запленетите 1.100 килограми кокаин на улицата вреди помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Четворица мажи на возраст од 22 и 28 години се уапсени поради сомневање дека тргувале со дрога, а ќе бидат изведени пред судот во Ротердам на католички Бадник, соопшти полицијата.