Пронајден труп на маж во Дојранско Езеро

Починато машко лице, кое било пријавено за исчезнато вчера е пронајдено во водите на Дојранското Езеро.

Како што соопшти МВР, во 11.20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското Езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.

„Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат“, соопштуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.