Пронајден труп во Егејското Море – истрагата се сомнева дека е Дениса

Женски труп е пронајден во водите на Егејското Море на местото каде што пловел бродот од кој исчезна прилепчанката Дениса Маркоска, јави Канал 5 повикувајќи се на извори во Грција.

Телевизијата објави дека во тек е ДНК анализа на пронајденото тело за кое постои можност да биде прилепчанката Дениса Маркоска.

Дениса Маркоска исчезна на13.септември во близина на Крит. Последен пат беше видена на крузерот на кој работела.