Пронајден убиецот на брачниот пар од кичевско Србица

Две години подоцна полицијата го пронајде 38-годишниот Ајран Диши од Дибер Албанија кој е извршител на ѕверското убиство во кичевското село Србица. Во доцните ноќни часови со скроен план тој упаднал во домот на 70 годишните печалбари од САД, ги врзал со алиштата кои му дошле при рака и ги измачувал додека не признале каде се парите и златото. Сопружниците починале, а тој побегнал со пленот вреден 12 илјади долари и семејниот златен накит.

Диши бил приврден  пред една недела откако истрагата потврди дека е виновен за кражбите во кичевскиот манастир. По приведувањето, направените анализи потврдиле дека неговиот ДНК профил во целост се поклопува со трагите пронајдени во домот на Иса и Селиме Имери.

Полицијата минатата година за истото дело го приведе албанскиот државјанин Алија Лефтер, но обвинителството ја одби пријавата бидејки немаше поклопување на ДНК примероците. Првичните сомнежи беа дека убиството е извршено од три лица, поради пронајдените траги на три локации во куќата. Послените анализи сепак потврдиле дека примероците се поклопуваат со направениот профил на Диши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.