Пронајден женски труп во Трубарево

Кај факултетското стопанство во село Трубарево пронајдено е тело на непознато женско лице на возраст од околу 50 до 55 години.

Полицијата денеска соопшти дека телото е пронајдено вчера во 14:40 часот и дека од страна на доктор на Итната медицинска помош е констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител врз телото ќе се изврши обдукција.   Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.