Пронајден женски труп во Вардар

Женски труп на возраст меѓу 70-80 години, пред околу половина час е пронајден во водите на реката Вардар во Велес на местото викано Јулика, објави Курир.

Пронајденото женско мртво тело е облечено во црн џемпер, црна блуза, црна сукња и црни хулахопки. Неофицијално лицето извршило самоубиство.

Бидејќи никакви документи не се пронајдени кај починатото лице, полицијата бара помош од граѓаните за утврдување на идентитетот на починатата жена.

Доколку некој има информација за лицето кое одговара на горенаведениот опис да се јави на телефонскиот број 192.