Пронајдена бомба од Втора светска војна, евакуирани 500 куќи

Авионската бомба ФАБ 50, која содржи 25 килограми експлозив, откриена е за време на реконструкцијата на една станбена куќа.

Полицијата ја блокираше областа, во која се наоѓаат околу 500 куќи и една здравствена институција, кои се евакуирани.

Експертите за деактивирање на експлозивните направи се наоѓаат на лице место.