Пронајдена црната кутија на авионот на „Иџипт Ер“

Француските истражители денеска потврдија дека е пронајдена „црната кутија“ од авинот „Иџипт ер“, што минатиот месец се урна во Средоземно Море со 66 патници и членови на екипажот, јавија француските медиуми, а пренесе МИА.

Египетските официјални лица претходно соопштија дека француски брод уловил сигнали од длабочините на Медитеранот, за кои претпоставуваа дека доаѓаат од една од „црните кутии“.

Египетскиот истражен комитет наведе дека потрагата по „црната кутија“ е интензивирана и се очекува до крајот на неделата уште еден брод да се приклучи во потрагата, јавија агенциите.

Потрагата по остатоците од авионот, што се урна на 19 мај, е намалена на област од пет километри во морето.