Пронајдена девојка која била киднапирана пред 10 години

По цели десет години во Калифорнија пронајдена девојка која бил киднапирана, силувана и принудена да се омажи со свот грабнувач.

Кутрата девојка успеала да побегне откако успеала на „Фејсбук“ да исконтактира со својата сестра.

Кога била киднапирана девојката имала само 15 години.

Полицијата го уапсила Исидоро Гарсија, осомничен како нејзин грабнувач, кој за неа во Мексико набавил лажни документи со цел да може да ја ожени.

Девојката исчезнала во Санта Ана во 2004 година.

Гарсија во 2007 година набавил лажни документи со цел да ги сокрие нејзините години и име.

Американските медиуми наведуваат дека двајцата во 2012 година добиле дете.

Полицијата соопшти дека девојката двапати се обидела да побегне, но овие неуспешни обиди завршиле со нејзино претепување.

Гарсија на девојката, која во САД дошла илегално и кажал дека членовите на нејзиното семејство престанале да ја бараат и дека ќе бидат депортирани доколку таа стапи во контакт со нив.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.