Пронајдена дрога и оружје во домот на брат на функционер на СДСМ

Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје, а ги предводел С.Р., брат на функционер на СДСМ.
Во претресот кај осомничениот за кој дел од медиумите пишуваат дека е брат на поранешен пратеник на СДСМ, била пронајдена една паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри.

Паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција, објави „Прес 24“. Тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри.

Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана како и еден зад со траги од прашкаста материја за која истрагата верува дека е кокаин.

Полицијата вчера во голема акција приведе повеќе луѓе кои ги сомничи дека како криминална група продавале кокаин по скопските улици. Полицијата се сомнева дека организатор на групата е С.Р. кој според дел од медиумите е брат на поранешен пратеник на СДСМ.

Извори од скопската полиција за „Нетпрес” синоќа изјавија дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”

Информациите од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”.

Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.

Истрагата на скопските полицајци утврдила дека С.Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското собрание,  ги ангажирал лицата Д.М. и М.З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.

Според нив, исто така утврдено и дека четврто лице посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тоа лице го известувало С.Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршело продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.