Пронајдена е куќата во која што се родил Исус?!

Археолозите кои работат во Назарет, градот во кој е роден Исус, во денешен Израел, идентификувале куќа која датира од првиот век и за која се верува дека е местото каде што е роден Исус.

Куќата делумно е направена од камен, а првично ја откриле калуѓерките од манастирот „Сестрите од Назарет“ уште во 1880. година, пренесува „NBC”.

Меѓутоа, професорот Кен Дарк од Универзитетот во Рединг утврдил дека куќата потекнува од првиот век и оти мештаните со векови верувале дека ова е местото каде Исус израснал.
Не е сосема сигурно дали навистина живеел во таа куќа но Дарк смета дека постои голема веројатност за тоа.
Се верува дека Исус израснал во Назарет, а векови после неговата смрт, за време на Византиското царство (под чија власт Назарет бил до 7. век) куќата  била украсена со мозаици и служела како црква.

Крстоносците во 12. век ја обновиле црквата и со тоа приложиле уште еден доказ дека тие и Византиците знаеле чиј дом е тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.