Пронајдена граната од Втората светска војна во кумановско

М.П.(44) од с.Срезовце, кумановско, вчера околу 15.30 часот пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот покрај брегот на реката „Пчиња“ во атарот на с.Стрезовце, забележал граната.

Од страна на екипа од СВР-Куманово бил извршен увид на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДСЗ-Куманово било констатирано дека се работи за корозирана топовска граната кал.75мм, без запалка, која потекнува од Втората светска војна.

Артилериската граната е преземена од пиротехничарот од ДЗС.

фото: Maxim.mk